Утрински Весник
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Soobrakjaen Rezim .png

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (02.04.2025) со почеток во 12.05 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Трасата на движење ќе започне пред Работнички дом (зграда на ССМ) на ул. „Мирче Ацев” кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври” во продолжение по ул. „Димитрија Чупувски” до седиштето на Стопанска комора, десно по бул. „Васил Главинов” до бул. „Илинден” пред Влада на РСМ.


СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Можете да прочитате

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија

Одржана централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата

Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од најмоќниот сојуз-НАТО