Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Денеска започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари

Mickoski1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари, со тоа го испорачавме нашето ветување за повисоки пензии од 5.000 денари.

„Напорната работа носи резултати. Имам одлична вест за сите пензионери. Од денес започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари. Со тоа го испорачавме нашето ветување за повисоки пензии од 5.000 денари“, им порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на пензионерите во денешното видео обраќање.


Премиерот Мицкоски нагласи дека со ова е исполнето ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари на повеќе од 300.000 пензионери.

„Повеќе од 300.000 пензионери ќе имаат повисоки пензии за 5.000 денари. Да, Македонија има многу проблеми. Да, проблеми има во секој дел од општеството, но затоа сме ние тука да ги решаваме проблемите и со решавање на проблемите Македонија ќе биде повторно горда, а на овој начин Македонија ќе биде повторно ваша. Нека е со среќа повисоки пензии, долговечно да ги користите, со многу радост, љубов и среќа во вашите семејства“, вели премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Скопјанец ја натепал поранешната девојка удирајќи ја по главата и телото, па ја исфрлил од кола туркајќи ја меѓу столбчиња

Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен превоз

МВР расчисти вкупно 12 случаи на „измама“, од слобода е лишена 23-годишна скопјанка