Утрински Весник
Свет

САД ја олеснуваат бирократијата за инвеститорите со нов указ на Трамп

20250401071853 Big 730x400 2.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша указ за олеснување на привлекувањето на корпоративни инвестиции во САД во вредност над една милијарда долари, соопшти Белата куќа.

Со указот се основа нова служба во Министерството за трговија наречена „Инвестициски акцелератор на САД“, чија цел е да ги поттикне странските компании да вложуваат во американската економија.


Програмата ќе вклучува:
-Намалување на бирократските пречки,
-Забрзување на издавањето дозволи,
-Подобра координација меѓу федералните агенции и државните власти,
-Проширување на пристапот до ресурси за инвеститорите.

„Овој указ е клучен чекор во привлекувањето на стратешки инвестиции и зајакнување на американската економија“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Можете да прочитате

Во поплавите во Нигерија загинаа повеќе од 150 луѓе, илјадници се раселени

Велика Британија од утре ја забранува продажбата на електронски цигари за еднократна употреба

Мал авион се урна во тераса од зграда во Германија, загина пилотот и уште едно лице