Утрински Весник
Македонија

„Глумците пеат“ се презакажува на 8 и 9 јуни поради трагедијата во Кочани

20250329102312 Big 730x400 60.webp.webp

Се презакажува мнифестацијата „Глумците пеат“ и наместо на 8 и 9 април како што првично беше предвидено, ќе се одржи на 8 и 9 јуни во Македонскиот народен театар (МНТ).

Како што наведуваат од продукцијата, одложувањето е поради трагедијата во Кочани.


За сите кои нема да бидат во можност да присуствуваат на 8 и 9 јуни, возможна е рефундација на влезниците на продажните места каде што се купени во периодот од 28 март до 10 април. За МНТ ќе треба да се обратат на билетарницата на МНТ, а за МкТикетс треба да се испрати барање на stefan@password.mk за рефундација.

– Тие во трагедијата изгубија член од тимот, односно придружниот вокал Сара Пројковска, додека вториот придружен вокал, Ана Костадиновска е повредена. Трагедијата сите не погоди и од почит кон жртвите и повредените, но и кон целата нација која тагува, одлучивме да го одложиме шоуто. Сцената е место за радост, смеа и песна, а нам во овој период навистина не ни е до тоа. Се надеваме дека нашата верна публика ќе има разбирање за оваа одлука, велат организаторите.

Првата престава зa 8 јуни е распродадена, додека за втората на 9 јуни има се уште карти онлајн на платформата www.mktickets.mk.

Режисер на шоуто и годинава е Дејан Пројковски, а диригент на биг бендот е Љупчо Мирковски. Новите аранжмани на песните се на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, а костимографијата на Марија Пупучевска.

Манифестацијата „Глумците пеат“, чиј идеен творец е актерот Марин Бабиќ, кој почина во 2022 година, првпат била организирана во 1992 година во чест на Светскиот ден на театарот и се организирала се до 2006 година. По неговата смрт, неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ, по 17 години пауза повторно го враќаат на сцената, публиката и актерите. 

Можете да прочитате

Се бара компанија за финалната фаза од чистењето на Линданот во ОХИС

Собранието денеска со надзорна расправа за примената на Законот за македонскиот јазик

Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“ – денеска се презентираат телефонските листинзи