Утрински Весник
Македонија

Јакимовски: „Пјур“ и „Мош“ одбиле соработка – за едниот има поведено постапка како дивоградба

Dik Izborna Komisija Pretsedatelski Kandidati Kodeks Za Fer Izbori Jakimovski 8 Bg.jpg

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска соопшти дека двата ноќни клубови „Пјур“ и „Мош“ не соработувале со инспекциските служби, и покрај тоа што биле предмет на надзор.

– Дури за едниот колегата има поведено постапка како дивоградба пред неколку месеци. Кога инспекторите го посетиле сопственикот, тој ги прашал зошто доаѓаат, а нашиот колега му кажал дека тоа е законска обврска. На тоа, сопственикот одговорил дека и тој е законот. Јас одговорно тврдам дека овие сопственици на ноќни клубови, дискотеки, кабариња се буквално сива еминенција во средините во кои живееме и си дозволуваат многу повеќе од она што треба – истакна Јакимовски.


Тој додаде дека, и покрај неодамнешната трагедија што го потресе градот, сопствениците на овие локали продолжуваат да одбиваат соработка со надлежните институции.

– Оние што одбиваат да соработуваат, ние ќе ја продолжиме постапката и ќе тераме до крај, како што бара законот. Во исто време, кога сте направиле нешто што не смеете, а потоа не сакате да соработувате со институциите, тоа е недозволиво – потенцира градоначалникот.

Инспекциските служби ќе продолжат со контролите, а институциите најавуваат преземање на сите законски мерки против локалите кои работат спротивно на регулативите.

Можете да прочитате

ПРИЈАТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ПРЕД НАС: Ќе биде претежно сончево, со сосема мали услови за локален дожд!

Тошковски: Се сретнав со родителите во Кочани, не сакам тоа да биде медиумски ПР

Донев: ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува историска победа на претстојните локални избори