Утрински Весник
Македонија

Викендов почнува летното сметање на времето

20250327122400 Big 730x400 91.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Летното сметање на времето почнува викендов, ноќта сабота спрема недела во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 02:00 часот ќе биде 03.00 часот.

Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.


Годинава летното сметање на времето ќе трае до 26 октомври во 3 часот по полноќ

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви.

Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Русија, Турција, Белорусија и Исланд. Сезонското менување на времето, покрај во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година.

Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно кога ќе биде последното поместување на часовниците. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Можете да прочитате

Во месец декември 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал

2026 нема да биде спектакуларна, но може да биде пресвртна