Утрински Весник
Македонија

Викендов продолжуваат обилните дождови во Македонија, можни се поплавувања и невреме!

Meteoalarm.mk 71 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност југозападно и јужно од нас, и за време на овој викенд во Македонија продолжуваат честите повремени врнежи од дожд (повремено пообилни). Локално пак ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Исто така, очекувам и поинтензивни Атмосферски процеси (во форма на невреме) проследено со обилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен) силен ветер (околу 60/70 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град. Во ваква ситуација апелирам на поголема внимателност, со што се можни и локални поројни поплавувања.

И во Скопскиот регион исто така овој викенд ќе има повремени врнеи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер (во вид на невреме).

Да напоменам само дека, на планините со надморска височина од над 1600/1700 метри повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Што се однесува до температурите, наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека преку ден исто така ќе бидат пониски, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Во Скопје температурата овој викенд ќе се искачува до околу 16 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“

СДСМ: Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има