Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Градоначалникот на ДПМНЕ од Гази Баба, Бобан Стефковски е осудено лице за дилање дрога.


Бране Петрушевски прво што треба да направи е да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот на ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски, да му ја однесе и јавно да побара оставка од него.

Јавноста знае дека со дрога беше фатен и истакнат член на ДПМНЕ од Пештани.

Мицкоски го гледавме на слики како седи на иста маса со лице од Грчец уапсено за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра.

За разлика од цело ДПМНЕ, Јон Фрчкоски си поднесе оставка и се повлече од позицијата.

ДПМНЕ и Петрушевски се последните кои можат да ја прозиваат СДСМ.

Можете да прочитате

Од вкупно испуштените води во 2024 година пречистени се само 22 отсто

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што им ја одзема иднината

Родителите од Кочани: Ако во оваа држава нема правда, ние вистината ќе ја бараме во странство, пред меѓународните институции