Утрински Весник
Македонија

Најстудено на Попова Шапка – 24info.mk

20250327084115 Big 730x400 42.webp.webp

Утрово е најстудено на Попова Шапка, 2 степена, а максимални 13 степени е во Штип и Демир Капија. До 08:30 часот се измерени и 5 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 6 во Крушево, 7 во Крива Паланка, 8 во Претор и Берово, 9 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Охрид, Прилеп и Кавадарци, 10 во Битола, Виница, Велес и Струмица, како и 11 степени во Гевгелија. 

Изминатите 24 часа наврнале 2 литра на метар квадратен во Тетово, Пожаране, Маврови Анови и Попова Шапка, како и еден литар на единица површина во Лазарополе.


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде од 13 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Можете да прочитате

Тетовец тврдел дека дедо му и баба му му украле 3,5 милиони денари, заработи кривична

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори