Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се сретна со херојот Јован – Алкалоид му додели четиригодишна стипендија

Img 5826.jpeg

Премиерот Христијан Мицкоски денес се сретна со Јован Костадинов, младиот херој од Виница, кој во најкритичниот момент покажа неверојатна храброст и пожртвуваност, спасувајќи 21 живот од огнената стихија во Кочани.

„Јован, со само 19 години, направи нешто што малкумина би се осмелиле. Без размислување, влезе во запалениот објект и извлече 21 човек од сигурна смрт. Тој е симбол на човечност, одговорност и бескрајна посветеност кон другите,“ напиша Мицкоски.


Како знак на признание за неговиот извонреден чин, компанијата Алкалоид ќе му додели стипендија, поддржувајќи го неговото образование и иднина. Оваа иницијатива е доказ дека општеството ги препознава и вреднува вистинските херои меѓу нас.

„Јован е светлина во моменти на темнина. Неговото име ќе остане запишано како инспирација за сите нас – за да бидеме подобри, посилни и похрабри граѓани на нашата Македонија,“ порача премиерот.

Чинот на Јован Костадинов е доказ дека храброста нема возраст и дека вистинските херои не носат наметки, туку срце полно со човечност.

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати