Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Го прашуваме Јон Фрчкоски дали тоа што користи е наркотична супстанца кокаин?

Brane Petrusevski Jon.jpg

Со голема шокираност ја примивме информацијата која се појави на социјалните мрежи каде што се гледа дека функционерот и директорот на Центарот за истражување и анализи на СДС, Јон Фрчкоски, користи бели наркотични супстанци. Не знаеме дали e навистина тоа, но поради јавниот интерес граѓаните заслужуваат одговори, вели денес пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

-Инаку Јон Фрчкоски е синче на Љубомир Фрчкоски, поранешен министер во владите на СДС, несуден дипломат и еден од татковците на криминалната транзиција. Неговото синче пак, Јон Фрчкоски, на прес-конференции тврдеше дека селективна правда е неправда за случајот во Кочани. Бидејќи тоа е точна констатација со која се согласуваме, јавно го прашуваме Јон Фрчкоски дали тоа што користи е наркотична супстанца кокаин? Ако тоа е точно, дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор? Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци? Кој е ставот на Венко Филипче кој го поставил Јон на ваква позиција? Сведочиме на време во кое размазените синчиња на комунистичката црвена буржоазија, која го создаде трулиот и корумпиран систем, сега без ронка срам и образ злоупотребуваат трагедии, еве што прават во слободно време, рече тој.


Петрушевски посочува: „Бидејќи селективна правда е неправда, не сакаме да веруваме дека Јон Фрчкоски и Венко Филипче ќе дадат половични одговори. Јавноста бара одговори“.

Можете да прочитате

Над 1.800 вработени во јавното здравство поднеле судски тужби против своите установи

Полицијата ја уапси сопственичката на крави од Паланка

Национален младински форум „Тука сме за да останеме!”