Утрински Весник
Македонија

МТСП го осудува секој чин на насилство врз вработени во центрите за социјална работа и презема мерки за обезбедување на нивна заштита

Mtsp 1.jpg
Dik 300x250 mk

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека го осудува секој чин на насилно однесување или било која друга форма на однесување со која физичката и психичката состојба на вработените во центрите за социјална работа е ставена во ризик.

Земајќи ја предвид сензитивноста на работните задачи на вработените во центрите за социјална работа кои се секојдневно изложени на ризик по сопственото здравје и живот, а во насока на нивна заштита министерството и пред да се случи немилиот настан во Центарот за социјални работи Прилеп, ја започна постапката за физичко обезбедување на сите центри и јавни установи за социјална заштита на ниво на држава. Оваа постапка е во завршна фаза, што значи дека наскоро ќе биде објавен и јавниот оглас за јавна набавка.


Како Министерство апелираме до сите институции навремено и ефикасно да се преземаат дејствијата кои се во рамки на нивните надлежности, а во насока на обезбедување на безбедност и сигурност на работните места на сите вработени. Министерството изразува жалење за немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп и на повредената вработена во истиот и посакува брзо закрепнување. Истовремено, изразува и убедување дека се што е во рамки на надлежностите на министерството се презема и така и ќе продолжи во иднина“, посочуваат од Министерството.

Можете да прочитате

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца

Алиу: Правиме дигитализација на здравство документите на телефон а не во ќеси