Утрински Весник
Македонија

Владата ослучи да ги покрие трошоците за пат и сместување на родителите на повредените лица кои се лечат во странство

Vlada.webp.webp

Портпаролот на Владата Марија Митева предмалку одржа прес конференција на која истакна две работи, а тоа е дека како Влада донесена е одлука за соработување со Црвен крст, за унифицирана поддршка за повредените, со цел да нема забуна кон тоа каде треба да се донира, и граѓаните да бидат сигурни дека помошта ќе стигне во вистински раце.

Другата одлука ќе се донесе на утрешната седница, а се однесува на покривање на трошоците за превоз и сместување за семејствата на повредените.


Таа ги повика сите засегнати да се јават на бројот 070 270 370 со цел сите да ја добијат оваа помош.

Овој број е достапен за сите на кои им е потребна поддршка при организирањето транспорт и сместување во насока на обезбедување бесплатна, брза и ефикасна помош.

Можете да прочитате

„Можеби ќе беше жив“ – татко обвинува за негрижа во болницата во Кавадарци

По 35 години постоње згасна „Макпримат“

Владата ќе организира дебата за Кочани