Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Во 2024 година издадени само 12 лиценци за кабареа, нелегалните клубови ќе бидат затворени

17032025 Mickoski 8.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во 2024 година биле издадени само 12 лиценци за работа на кабареа, што според него покажува шокантна состојба во државата, имајќи предвид бројот на ноќни клубови кои функционираат. Тој најави дека сите нелегални клубови ќе бидат затворени и дека нема да има толеранција за прекршителите.

„Состојбата е шокантна. Дојдовме до заклучок дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа, а можете да претпоставите колку клубови работат нелегално низ државата. Од овие 12, не знаеме колку сè уште имаат важечки дозволи, бидејќи тие се со важност од една година. Очигледно е дека некој не си ја вршел работата, а сега се обидува преку политизација да го сокрие криминалот што го правел со години додека раководел со таа институција,“ изјави Мицкоски.


Тој додаде дека ќе се преземат најстроги мерки против сите кои незаконски работеле, без разлика на нивната етничка или политичка припадност.

„Нема да има милост, од која сака нека е етничка припадност или политичка партија. Ако треба, за уши ќе ги влечеме од дома. Ова што се случило е масовно убиство кое некој го дозволил за пари и криминал,“ порача премиерот.

Владата најави итни инспекции и санкции за сите угостителски објекти кои работат без соодветни дозволи, со цел да се спречат идни трагедии и да се воведе ред во оваа област.

Можете да прочитате

БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Доаѓа бурно невреме во Македонија!

Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори

Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места