Утрински Весник
Македонија

Студентите ја исвиркаа министерката Јаневска: Не собирајте политички поени од оваа трагедија

Screenshot 20250317 134437 Gallery.jpg

По вчерашната трагедија во Кочани, денес два протести се одржаа во чест на загинатите млади луѓе, еден во Скопје, организиран од студентите и друг во Кочани, каде се случи трагедијата.

Студентите од Скопје кои сочувствуваат со семејствата на загинатите и повредените во пожарот точно напладне го преполнија платото пред УКИМ и со цвеќиња и свеќи во рацете им оддадоа почит на сите засегнати од стагедијата.


Официјлно пред сите се обрати и министерката за образование Весна Јаневака која истакна дека жали за случајот и за загубените млади животи. Доделка таа говореше на еден од студентите му се слоши при што се бараше медицинска помош, но министерката го продожк говорот, чин кои дел од присутните го дочекаа со негодување и ја исвиркаа. Во тој момемт неколку млади луѓе извикуваа од толпата дека не сакаар да на слушаат и и испратија порака – политичките партии да не ги користат овие моменти за политички поени, при што министерката го заврши говорот и се повлече.

Можете да прочитате

Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка, бара Левица

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење

Иванов се обрати на промоцијата на Стратегијата на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија