Утрински Весник
Македонија

СОС детско село: Нудиме психосоцијална поддршка за родителите на повредените лица

20250317080011 Big 730x400 85.webp.webp

„СОС детско село“

Со длабока тага ја примивме веста за страшната трагедија во Кочани. Болката од загубата на толку млади животи е неизмерна. „СОС детско село“ изразува најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на настраданите.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и срца се со сите погодени од оваа незамислива трагедија.
„СОС детско село“ како организација што е свесна за влијанието на траумата и значењето на поддршката во најтешките моменти, со грижа и разбирање, нуди:
– Психосоцијална поддршка – за родителите на повредените лица што имаат потреба да зборуваат, да споделат, да не бидат сами.
– Советување и емотивна поддршка – за полесно справување со болката и траумата.
– Простор за одмор, оброк и преноќиште во Скопје за родителите на повредените лица што се хоспитализирани во Скопје.
Ако ви е потребна помош, јавете се на броевите: 071/344-521, 072/263-731, 071/373-861
Во рамките на нашите можности, ќе се погрижиме секој што има потреба да добие поддршка.


Можете да прочитате

Како се избира нов папа по смртта на Папата Франциск

Меџити: Ако Таравари сака соработка со ДУИ, не му е местото во Владата

„Културата не е трошок“ – Синдикатот на културни работници утре излегува на протест