Утрински Весник
Свет

Советот на ЕУ ја одобри третата исплата за Украина од речиси 3,5 милијарди евра

20250317114438 Big 730x400 35.webp.webp

Украина наскоро ќе добие речиси 3,5 милијарди евра откако Советот на ЕУ ја одобри третата исплата на грантови и заеми за земјата во рамките на Инструментот за Украина.

„Со оваа трета исплата, Украина ќе добие близу 20 милијарди евра во рамки на Инструментот за Украина од неговото стапување во сила пред една година“, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.


Главната цел на овој инструмент е да ја поддржи макрофинансиската стабилност и закрепнување на Украина, како и реконструкција и модернизација на државата.

Советот на ЕУ заклучи дека Украина ги исполнила неопходните услови наведени во Планот за Украина за да ја добие третата исплата од Инструментот за Украина.

Украинскиот план ги утврдува намерите на Украина во врска со обновата и модернизацијата на земјата, како и временскиот распоред на реформите што планира да ги преземе како дел од процесот на пристапување во ЕУ во следните четири години.

„Украина успешно покажа дека има имплементирано 13 различни чекори. Тоа вклучува, меѓу другото, донесување реформи за зголемување на употребата на обновливи извори на енергија, зголемување на автономијата на регулаторите за енергија, поедноставување на процедурите за преминување на границите во согласност со стандардите на ЕУ, усвојување стратегија за земјоделство и рурален развој (вклучувајќи отстранување на нагазни мини од земјоделски површини) и продолжување на работата на пописот на неговите стратешки и критични суровини“, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Кој ќе го замени Франциск? Ова се најверојатните кандидати за папа: Меѓу нив има неколку истакнати кардинали

Се запали моторот на авион пред полетување во САД, евакуирани речиси 300 луѓе

Бела куќа: Трамп стои зад министерот за одбрана по протекувањето информации од Пентагон