Утрински Весник
Македонија

Специјални екипи на МЗ ќе информираат за состојбата на пациентите од пожарот во Кочани кои се на лекување во странство

20250317074849 Big 730x400 91 1.webp.webp

Министерството за здравство ќе има специјални екипи кои што ќе комуницираат за состојбата на пациентите настрадани од пожарот во Кочани, кои што се на лекување надвор од државата, најави денеска на прес-конференција ресорниот министер Арбен Таравари. Целта е како што посочи, за нивната состојбата да се известуваат и семејствата и јавноста.

– Веќе се дадени задачи во Министерството за здравство да имаме специјални екипи, кои што ќе комуницираат со нашите пациенти кои што се надвор од државата, за да се известува и јавноста, меѓутоа и семејствата, рече Таравари.


Таравари исто така на денешната прес-конференција најави дека ќе оформат екипи на психолози и психијатри кои што ќе работат во Кочани, како и низ клиниките и болниците, со цел давање на поддршка за семејствата и пациентите.

-Уште денеска ќе имаме состанок во Министерството за здравство со специјални, психолошки тимови, заедно со директорката на Универзитетска Клиника за психијатрија – Скопје, д-р Славица Арсова, за да оформиме екипи на психолози и психијатри кои што ќе работат во Кочани и низ клиниките и болниците, каде што ќе има потреба, со цел поддршка на семејствата и пациентите, рече Таравари.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се занимава со сè и сешто, само не дава одговор дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи

Тој што има пари, има и слобода – Газдата на „Пуцко Петрол“ со два милиони евра сака да излезе од притвор

140.800 Македонци живеат со дијабетес – годишно се откриваат 7.500 нови случаи