Утрински Весник
Македонија

14 пациенти згрижени во Србија, 9 во Турција по трагедијата во Кочани

484268348 1081169797386164 6972607226940020422 N.jpg

Вкупно 12 лица повредени во тешката несреќа што се случи ноќеска во дискотеката во Кочани се пренесени со авион CASA C-295 на српската армија од Скопје во Белград, каде што ќе бидат хоспитализирани. Девет од нив се примени во Ургентниот центар на Србија, додека тројца се згрижени во Воено-медицинската академија (ВМА).

Претходно, уште две лица беа транспортирани во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш.


Во Македонија пристигна и медицински тим составен од четворица лекари и четворица медицински техничари за да помогне во евакуацијата на повредените. Двајца лекари, меѓу кои пластичен хирург и анестезиолог, како и еден медицински техничар, ќе останат во земјата за дополнителна поддршка.

Турција исто така испрати помош, при што авиони на турското Министерство за здравство и Министерството за одбрана презедоа девет повредени лица. Првиот авион транспортираше тројца повредени во Истанбул, каде што беа сместени во болницата „Башакшехир Чам и Сакура“, специјализирана за третман на изгореници. Вториот авион пренесе уште шест лица во болницата „Билкент“ во Анкара, каде што ќе добијат понатамошна специјализирана нега.

Можете да прочитате

Прво избор на Народен правобранител и претседател на ДКСК, па распишување локални избори, најави Гаши

Претседателката Сиљановска Давкова помилува осум осуденици по повод Илинден

Левица алармира за предизборен поткуп во Пробиштип – Македонци се пишувале како Роми за наводна социјална помош