Утрински Весник
Свет

Трамп: Утре ќе разговарам со Путин, има добри шанси да ја завршиме војната

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека утре ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можниот крај на тригодишната војна во Украина, по позитивниот исход од разговорите меѓу американските и руските претставници во Москва.

„Во вторник ќе разговарам со претседателот Путин. За време на викендот беше завршена многу работа. Сакаме да видиме дали можеме да ја завршиме оваа војна. Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека шансите се добри“, рече Трамп за време на летот од Флорида до Вашингтон. Трамп ќе се обиде да добие поддршка од Путин за предложениот 30-дневен прекин на огнот што Украина го прифати минатата недела.


„Ќе разговараме за територии и за енергетски капацитети. Мислам дека веќе разговаравме многу за тоа со двете страни, и Украина и Русија“, рече Трамп на прашањето што ќе вклучуваат разговорите за прекин на огнот.

Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров завчера разговараа за „следните чекори“ во предложениот прекин на огнот во Украина, пишува Политико.

Можете да прочитате

Норвешки гинеколог скоро 20 години силувал пациентки

Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам

Повеќе од половина од самовработените во ЕУ работат и по пензионирање