Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Македонија на удар на многу ладен бран, ќе донесе снег!

Meteoalarm.mk 49.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Поради продор на многу поладен бран од север, денес (понеделник 17 март) навечер и ноќта кон вторник (18 март) и во вторник врнежите кои ги очекуваме полека ќе преминуваат во снег и во градовите, особено во западната половина од државава и ќе се формира снежна покривка, најпрвин во повисоките населени места, планините и на Скијачките центри, а потоа и во дел од градовите во западната половина од нашата Република Македонија.


И во повисоките предели од Скопската котлина со овој ладен продор ќе има услови за послаби врнежи од снег, а локално слабо провејување на снег можно е да има  и во дел од ниските предели од котлината.

Сето ова ќе биде проследено со засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Овој ладен бран ќе ги спушти температурите за околу, па и за повеќе од 20 степени за разлика од оние кои ги имавме во изминативе денови.

Можете да прочитате

Попладнево итно опериран Стевчо Јакимовски

Полицијата уапси три лица по пожар во Чаир, запален багер во отпад

Уапсена кичевчанка: Во алкохолизирана состојба ја нападнала малолетната ќерка