Утрински Весник
Македонија

Тоше Богданов излегол да го прослави раѓањето на синот и го загубил животот во пожарот

Img 5261.png

Триесетгодишниот Тоше Богданов е една од 59-те загинати во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според српскиот Телеграф, Богданов излегол со пријателите да го прослави раѓањето на својот син.

Тој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која, според неофицијални информации, се породила неколку дена пред трагедијата.


„Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега го нема“, изјавил извор запознаен со случајот.

Во пожарот во дискотеката загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, со најмлада жртва од само 14 години.

Можете да прочитате

Нов случај на измама во Тетово

Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

На 30 март почнува судењето против Стојанче Николовски