Утрински Весник
Македонија

Тројца повредени во пожарот во Кочани пристигнаа во болницата во Солун

Hqdefault 45.jpg
Dik 300x250 mk

Со амбулантни возила, три млади лица со изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани попладнево биле пренесени и пристигнале во Солун, каде што ќе бидат хоспитализирани во болницата Папаниколау, јави дописничката на МИА од Атина.

Солунскиот портал „Тестивал“ објави видео и фотографии од пристигнувањето на трите амбулантни возила, кои според грчките медиуми во Солун биле околу 17.30 по локално време.


Претходно, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос во разговор со дописничката на МИА од Атина, потврди дека тројца повредени ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, која располага со одделение за изгореници со четири кревети, а денеска биле испразнети три за да бидат хоспитализирани повредените.

Можете да прочитате

Обиена филијала на Бит Пазар, украден сеф со пари

Маж пронајден починат во Центар

Фондот за здравство најави мерки: Околу 477.000 луѓе имаат бесплатно здравствено осигурување, а работат во сива економија