Утрински Весник
Свет

Германски Рајнметал пренатрупан со порачки за оружје

20250313105623 Big 730x400 22.webp.webp

Извршниот директор на германскиот производител на оружје Рајнметал, Армин Папергер, изјави дека компанијата е преоптоварена со нарачки за оружје, толку многу што итно треба да го прошири својот капацитет.

На годишното генерално собрание на групацијата Рајнметал, Папергер рече дека нарачките доаѓаат од сите страни и дека „тој никогаш не доживеал вакво нешто во неговите 35 години во Рајнметал“, објави денеска Дојче Веле.


Само за време на конференцијата за безбедност во Минхен пред неколку недели, Рајнметал беше посетен од околу педесет шефови на држави или влади, или нивни релевантни министри, а во седиштето на еден од најголемите германски производители на оружје во Дизелдорф, моментално се обработуваат нарачки вредни 55 милијарди евра, што е за 17 милијарди повеќе од веќе рекордната мината година, повеќе од кога било досега.

Се нарачува буквално се што прави компанијата за војската, од огнено оружје до оклопни возила и тенкови, но Рајнметал нуди и ракети, радарски системи и системи за надзор поврзани со противвоздушна одбрана, беспилотни летала и дигитална воена технологија.

Папергер оцени дека во Европа започнала ерата на вооружувањето, а неговата компанија профитирала – приходите и профитот се зголемени за околу 35 отсто, а се очекува растот да остане во тие размери и годинава.

Секторот за воена индустрија итно бара нов кадар поради зголемување на работата, а Рајнметал веќе вработува 32.000 луѓе.

Можете да прочитате

Над половина од Американците сметаат дека Трамп е премногу близок со Русија

Виски против вино: Трамп се заканува со царини од 200 отсто на алкохолот од ЕУ

Патниците бегаа преку крилото на авионот: се запали моторот на Боинг во Денвер