Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ обединети со нивните судии и обвинители ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра

Vmro 1.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС и ДУИ обединети со нивните послушници во правосудството, ги штитат криминалците и мазут мафијата којашто го труела народот за време на енергетска криза.


Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица ги штитат криминалците од СДС и ДУИ и мазут мафијата која сторила криминал тежок 167 милиони евра.

Судиите и обвинителите измеќари на СДС и ДУИ го штитат криминалот на нивните функционери и ги кочат и опструираат процесите и правдата.

Мазут мафијата, во која се вмешани високи функционери од СДС и ДУИ, преку организиран криминал и системска корупција, екстра профитирала и го труела народот со канцероген мазут.

Криминалците од СДС и ДУИ и нивните бизнис фаворити како Јахоски поради лукративни причини, провизии и бизнис зделки го труеле народот со канцероген мазут, поради екстра профит и направиле криминал тежок 167 милиони евра.

Корумпираните судиите и обвинителите работат по насока на СДС и ДУИ и ги штитат  нивните блиски бизнис партнери, за да делат проценти и провизии меѓусебно.

Корумпираните судии и обвинители ги штитат функционерите од СДС и ДУИ и нивните милионски бизниси и имот стекнати на криминален начин и не дозволуваат институтот правда да завладее.

Време е да се стави крај на системската корупција и организираниот криминал и секој функционер којшто сторил криминал да одговара.

Спрегата помеѓу правосудството, СДС, и  ДУИ мора да заврши, корумпираните судии да одговараат, а владеењето на правото и правдата да профункционираат.

Времето на криминалци во политиката заврши.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила