Утрински Весник
Македонија

Левица: Пратеникот Јамалов го тужи советникот од Левица Игор Смилев

Sud.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Режимската пракса на политички прогон се устоличува и со власта на Мицкоски, каде пратеници од ДПМНЕ влечат по судови членови на Левица, во обид да се замолчи единствената опозиција.


Имено, пратеникот од власта од ДПМНЕ – Александар Јамалов, го тужи опозицискиот советник од Левица, Игор Смилев, поради објава за непотизам. Тој во прекршочна постапка го тужи советникот од Левица за предизвикана навреда, клевета и нанесување на душевна болка, поради дадена изјава во којашто Смилев изјавил дека сопругата на Јамалов била вработена во СВР – Велес. 

Дополнително, Јамалов воопшто не се појави на рочиштето против советникот од Левица. Скандалозно е што без никакво објаснување, судењето беше затворено за јавноста, по ,,налог” на судијката Лорета Тодорова, која забрани влез за новинари! 

Сепак, советникот Смилев од Левица повторно потенцира дека ваквите режимски обиди нема да го замолчат, затоа што непотизмот е канцер на македонското општество.

Ова не е изолиран случај на политички прогон и насилие од страна на владејачките структури на ДПМНЕ и затоа Левица им порачува дека вака само не’ охрабруваат да бидеме погласни против нивното партизирано и непотистичко владеење и дека борбата допрва почнува.

Можете да прочитате

Таравари потпиша меморандум со Словачка: Новата ера на телемедицината и е-здравството во Северна Македонија

Почина ортопедот проф. д-р Глигор Џолев

Јаневски: И покрај рекордните суми доделени на ЈСП, претпријатието е доведено во ситуација да не може да се испочитува ниту возниот ред