Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи

Vreme.jpeg
300x250 opst2

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.


Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне ќе има пороен дожд и грмежи, а попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Од УХМР информираа дека во петок и сабота во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето. Во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени). 

Можете да прочитате

Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

Пожар во угостителски објект во Струмица: Се запалила кујната

Повторно ќе ни залади, ќе имаме и пообилни врнежи од дожд