Утрински Весник
Свет

Кремљ: Русија е блиску до протерување на украинските сили од Курск

Putin Kursk.jpg

Рускиот претседател Владимир Путин вчера го посети западниот руски регион Курск за првпат откако украинските сили зазедоа дел од територијата во регионот.

Путин, облечен во воена униформа, го посети контролниот центар во областа Курск што го користат руските сили, објави руската државна телевизија.


– За волја на вистината, во најкус можен рок треба конечно да го победиме непријателот кој е вкоренет во Курската област и се уште спроведува одбранбени дејствија овде, рече Путин во своето обраќање до рускиот воен врв.

Валери Герасимов, началникот на рускиот Генералштаб, го информира претседателот дека украинските сили во областа Курск сега се опколени. – Во тек е нивно систематско уништување, рече Герасимов.

Но, командантот на украинската армија, Олександр Сирски, на Фејсбук објави дека борбите продолжуваат во предградијата на градот Суџа и дека украинските сили ќе продолжат да дејствуваат таму „се додека тоа е неопходно и има смисла“.

Можете да прочитате

До крајот на следната година низ светот може да има 6,7 милиони принудно раселени лица, предупредува данска хуманитарна организација

Кина, Иран и Русија повикаа на укинување на американските санкции против Иран и продолжување на нуклеарните преговори

Над половина од Американците сметаат дека Трамп е премногу близок со Русија