Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Пари за луксуз има, за плати нема – вистинското лице на оваа власт

Sdsm 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Неверојатна е хипокризијата и лицемерието на ДПМНЕ. Според изјавите на претседателот на ССМ, Трендафилов, ДПМНЕ, додека беа во опозиција, постојано имале тајни средби со синдикатот со цел да ги издејствуваат своите политички цели за напад на тогашната власт предводена од СДСМ.


Лицемерната ДПМНЕ тогаш беше и за работниците и за синдикатот, даваше силна поддршка на протестите на ССМ пред Собранието. ДПМНЕ ги поднесуваше барањата на ССМ во Собранието како закон.

Но, денес се потврди дека работниците им биле потребни само за да ги остварат своите лични политички амбиции. Сега, кога дојдоа на власт, никој не им треба, но граѓаните ова ќе го казнат.

Ваква измама и понижување на граѓаните, кои чесно работат и со право бараат поголеми плати, никој никогаш не направил. Оваа влада е влада против граѓаните и работниците, против сите кои бараат подобар живот. Пари има за папаја, манго, аспарагус и приватни летови, но нема за оние кои едвај врзуваат крај со крај.

Неспособното ВМРО-ДПМНЕ не може да ги намали ниту цените во маркетите и ги остави трговците да се збогатат за три генерации на грбот на народот, но нема пари за 

повисоки плати. Ваква ненародна власт немало во историјата и ќе биде казнета за ова.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија