Утрински Весник
Македонија

Левица: Лимани го затвори единствениот Центар за деца од улица во Шуто Оризари

Levica.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Дневниот центар во Шуто Оризари, кој веќе 19 години згрижува деца од улица, е пред затворање откако министерството предводено од Фатмир Лимани скандалозно им ја прекина финансиската помош! Овој дневен центар згрижува речиси 100 деца, кои таму го добиваат единствениот оброк во денот. 


Ваквиот скандалозен чекор на Лимани значи дека сите овие деца ќе се вратат на улица и ќе продолжат да питачат, затоа што власта единствено се грижи да ја укине финансиската помош за Центарот, без да понуди било каква алтернатива за нивно згрижување.

Улогата на овие  дневни центри  е децата наместо да бидат на улица, да бидат згрижени и да добиваат дополнителна едукација, топол оброк, облека, социјална активности и сл. Во Македонија постојат само два вакви дневни центри (што е недоволен број) и истите без финансиска помош од државата не можат да опстојат. 

Кратењето на финансиски средства од најризичните категории Левица го оценува како скандалозен и нехуман потег од страна на коалициониот партнер на Мицкоски. Наместо да се зголеми финансиската поддршка за социјално загрозените, јавноста сведочи како десничарската влада крати средства токму од оваа категорија лица!

Додека сведочиме како милиони евра се враќаат од буџетот на најбогатите газди, власта нема пари за најзагрозените деца. Го повикуваме јавно министерот Лимани да се откаже од деструктивните намери за затворање на дневниот центар во Шуто Оризари – а, доколку не е способен да ги менаџира социјалните процеси, веднаш да си поднесе неотповиклива оставка!

Можете да прочитате

Од утре ски-центарот „Попова Шапка“ нема да работи, до следните снежни врнежи

Штипската Клиничка болница предвидува набавка на нови медицински апарати

Д-р Чибишев предупредува: Увезениот мазут во Македонија носи смртоносни последици по здравјето