Утрински Весник
Македонија

Чачарова-Илиевска: Интерпелацијата на членови на Судскиот совет е недозволен и противуставен акт

Tanja Cacarova Ilievska 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Членката на Судскиот совет, Тања Чачарова-Илиевска, изрази противење на поднесените интерпелации од страна на владејачкото мнозинство, истакнувајќи дека овој акт е недозволен и противуставен. Таа ги потсети пратениците дека согласно Уставот, членови на Судскиот совет не можат да бидат објект на интерпелација, бидејќи тие не се носители на јавна функција која одговара пред Собранието.

„Интерпелација може да биде поднесена само за оние функционери кои одговараат пред Собранието, а членовите на Судскиот совет, согласно Уставот, имаат поинакви правила за избор, мандат и разрешување. Интерпелацијата за членовите избрани од Собранието е недозволена,“ изјави Чачарова-Илиевска.


Таа ги потсети пратениците дека причината за поднесените интерпелации, меѓу другото, е неусвоениот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година. Сепак, како што нагласи, неусвоениот извештај за 2016 година не довел до поднесување на интерпелација во минатото, што ја прави оваа постапка преседан во македонската парламентарна пракса.

„Не може да има природно право за разрешување, туку тоа е регулирано со нормирани прашања, права и одговорности, како што е точно одредено во Уставот и Законот за Судски совет,“ додаде таа, нагласувајќи дека поднесувањето на интерпелациите е не само правно неправилно, туку и дискриминаторско, бидејќи се однесува само на членовите избрани од Собранието, а не и на останатите членови на Советот.

Чачарова-Илиевска ги повика пратениците да ги почитуваат Уставот, законите и меѓународните договори, и нагласи дека не ќе присуствува на денешната собраниска седница за расправа по интерпелациите.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен