Утрински Весник
Македонија

Одбележување на Денот на Филозофското друштво на Македонија

20250309172225 Big 730x400 68.webp.webp

Со доделување на наградата „Константин Философ“ за филозофска книга на годината за 2024 година и промоција на 36-тото издание на списанието „Филозофска трибина“ денеска на Филозофскиот факултет во Скопје ќе се одбележи Денот на Филозофското друштво на Македонија (ФДМ).

Наградата ќе му биде врачена на проф. д-р Дејан Донев, авторот на студијата „За нашите етички основи“, согласно одлуката на Комисијата за доделување на наградата „Константин Философ“ во состав: проф. д-р Радомир Виденовиќ (претседател), проф. д-р Слободанка Марковска и проф. д-р Анета Маркоска Чубриновска (членови).


Списанието што го издава ФДМ ќе го промовира проф. д-р Денко Скаловски, а неговото 36. издание е целосно посветено на филозофската дејност на академик Ферид Мухиќ и во него стожерно место зазема темата „Ферид Мухиќ – творештво и инспирација“. Дополнително, на настанот пригодна беседа ќе одржи академик Шефкет Крциќ на тема „Придонесот на Мухиќ во развојот на македонската, босанската, југословенската и европската филозофија“.

Можете да прочитате

Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење и забрзување на дигитализација на образованието

Мисајловски: Владата ја усвои Националната развојна стратегија 2024-2044

СДСМ намерно ги штити судиите и обвинителите за да се избегне одговорност, вели Ковачки