Утрински Весник
Македонија

Студентска конференција: „Дигитална слобода и родова еднаквост: Скини ги синџирите на онлајн насилството“

20250309152029 Big 730x400 61.webp.webp

Студентска конференција на тема „Дигитална слобода и родова еднаквост: Скини ги синџирите на онлајн насилството“ денеска ќе се одржи на Правниот факултет во Битола во организација на Здружението за еднакви можности „Мрежа Стела“ во рамките на регионалниот проект „Defend the right to be yourself“ со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Франција. Целта на конференцијата е да се фокусира на активното ангажирање на младите, особено фокусирајќи се на студентките, во адресирањето, препознавањето и справувањето со родовите дезинформации и формите на дигитално родово-базирано насилство (РБН) и заштита од нив.

Конференцијата ќе им овозможи на студентите да добијат пошироко разбирање за РБН и како да се справат со неговите форми во дигиталниот простор, со акцент на превенцијата, препознавањето и поддршката. Дополнително, ќе ги адресира предизвиците на родовите дезинформации, нивната улога во одржувањето на нееднаквостите и ќе ја нагласи важноста на дигиталната слобода како средство за постигнување родова еднаквост.


Како што велат организаторите на настанот, РБН е резултат на длабоко вкоренетите родови нееднаквости, дискриминацијата и стереотипите кои постојат во општеството. На глобално ниво, овој тип на насилство е признато како сериозно прекршување на човековите права и основен проблем што го попречува постигнувањето на родова еднаквост и социјална правда.

-Во дигиталниот простор, пак, РБН добива нови димензии. Сајбер сексуалното вознемирување, сајбер демнење, неовластеното споделување на интимни фотографии и видеа (порнографија без согласност – одмазничка порнографија), клевета во онлајн просторот, тролање, кротење во онлајн просторот, доксинг/злокументирање, злоупотребата на лични податоци и говорот на омраза насочен кон одреден род и/или родов идентитет, се само некои од начините на кои насилството може да се манифестира онлајн, велат организаторите. Овие форми на насилство, додаваат, може да бидат помалку видливи, но често имаат долготрајни психолошки последици по жртвите, со оглед на тоа што дигиталниот простор овозможува насилството да се споделува глобално.

 -Kонцептот, пак, на родовите дезинформации може да биде поставен во облиците на манифестирање на родово-базираното насилство, затоа што вклучуваат дисеминација на лажни наративи, стереотипи и предрасуди кои ја овозможуваат и олеснуваат маргинализацијата и дискриминацијата на одредени групи, посочуваат организторите.

На конференцијата ќе биде презентиран и Прирачник за справување со родови дезинформации и родово-базирано насилство во дигиталниот простор, изработен од професорката Ангелина Станојоска.

Можете да прочитате

БАЛКАНОТ ПРЕД НОВ МЕТЕОРОЛОШКИ ЕКСТРЕМ: Доаѓаат временски непогоди, поплави и ветрови од над 100 км/час!

„Бехтел и Енка” продолжува со грабежот на минералните богатства во Прилепско, велат од Левицата

УХМР: Од утре попладне дожд, веќе во сабота вистинска пролет