Утрински Весник
Македонија

Ристеска во поткаст ЗРАК: Храната на нашиот пазар, не е со ист квалитет како во земјите на ЕУ

Zrak20.jpg
Dik 300x250 mk

Храната што доаѓа на нашиот пазар не е исто квалитетна како и храната во земјите на ЕУ, порача во поткаст ЗРАК со д-р Марина, Билјана Ристеска, нутриционист и магистер по безбедност и квалитет на храна.

„Една Кока кола која кај нас содржи повеќе количина на шеќери, во светот не е истата, затоа што ја нема таа количина на шеќери, заради тоа што таму веќе стандардите се запазени и се почитуваат. Овде кај нас можеби додаваат и повеќе шеќери од она што е препорачано, заради тоа што знаат дека ние станавме шеќер зависни и сме зависни како нација колку на шеќер толку и на сол и од таа причина тие прават продукт кој ќе биде сладок за тебе. Тие ако додадат минимална количина на шеќер, вие тој производ нема да го пробате“ кажа Ристеска.


Кога станува збор за начинот на исхрана, таа вели дека тоа зависи од случај до случај и дека кај секого е различен видот и начинот на исхрана. 

„Ако авокадото за некого е благосостојба за телото и здравјето, кај друга индивидуа не ми делува така“ порача Ристеска.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош