Утрински Весник
Македонија

Беџети ретерира, ДУИ нема да ги бојкотира изборите на есен

Blerim Bedzeti.jpg

Во интервју за Радио Слободна Европа, Блерим Беџети од ДУИ кажа дека тие не најавиле никаков бојкот и дека секогаш биле и се спремни за избори.

Со ова, Беџети ретерираше од првичниот став на партијата за тоа дека нема да има локални избори, доколку не се одржат предвремени парламентарни избори, а како дополнително прашање го поставија и законот за јазиците, за што најавија и можна длабока политичка криза.


„Факт е дека на државата и се потребни предвремени парламентарни избори, за да излезе од ситуацијава во која не е почитуван легитимитетот на втората етничка заедница во државата. Околу најавите за Законот за јазиците, да вистина е, бидејќи ние имавме средби со граѓаните. И ако ги следиме сите прашања и сите коментари, загриженоста околу ова многу сензитивно прашање е на највисоко ниво.“, изјави Беџети.

Ако се чепне Законот за јазиците, секако дека ќе дојде до политичка криза, додаде тој.

Можете да прочитате

Македонскиот филм „Лена и Владимир“ освои награда во Седона

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава

Левица: Странска приватна компанија ќе профитира од лекувањето на македонски граѓани во македонски државни клиники