Утрински Весник
Македонија

Народот треба да живее од воздух, а тие со папаја и манго: Филипче за Мицкоски

Osmomartovski Marsh Strumicza 5.jpeg

Имаме неодговорна власт, која сака да го научи народот да живее на воздух, а тие да нарачуваат папаја и манго, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот Осмомартовски марш во Струмица.

„Така држава не се води, СДСМ водеше сметка за стандардот, за платите, за работните места. Македонија и македонскиот народ заслужува одговорна власт, заслужува власт како што бевме ние, заслужува власт, како што во најтешките кризи, кога владата ја водеа Зоран Заев, Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски. Ниту еден граѓанин не беше оставен по страна“, нагласи Филипче.


При тоа тој посочи дека СДСМ ќе продолжи да се бори за подобрување на стандардот на граѓаните како и за економско јакнење на жените.

Борбата за правата на жените и девојките е борба за праведно општество кое зависи од сите нас, порача Филипче.

При тоа, потенцираше дека е жално што во овој месец на жената јавноста беше сведок на скандалозни изјави со говор на омраза и дискриминација кон жените и тоа од страна на носителка на висока јавна функција. СДСМ ја осудува секоја форма на понижување и навреди меѓу жените, особено кога таа доаѓа од носителки на јавни функции.

„Голем срам е жена носителка на јавна функција да е таков непријател на друга жена. Со кој ли образ денеска ќе го честита овој празник?“, рече Филипче.

Можете да прочитате

Сите 2-ки! Откриена средношколското свидетелство на кандидатот за ректор Блерим Саити на Универзитетот „Мајка Тереза“.

(Видео) Започнува 20. епизода на поткаст ЗРАК со д-р Марина

ОГРОМНИ ТЕМПЕРАТУРНИ РАЗЛИКИ: Повеќе од 20 степени разлика помеѓу утринските и дневните температури!