Утрински Весник
Македонија

Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“

20250308132941 Big 730x400 80.webp.webp

Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

Оваа година, маршот се одржува под слоганот „Нека јадат ружи!“.


Организаторите повикуваат на женски марш и солидарен женски бојкот за да се одбележи денот на економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените.

Тие истакнуваат дека 8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази, туку за феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија.

Маршот ќе заврши во паркот „Жена борец“ со завршни обраќања до јавноста и институциите.

Можете да прочитате

Фирмата поради која е во притвор Богоев добила нов тендер од Царина вреден 420.000 евра

Куманово под засилени контроли: Еден уапсен, четири кривични дела и десетици казни

Попладнево голема полициска акција во Скопје: Црвено светло, без кацига и нерегистрирани мотори санкционирани 326 возачи