
Откако во јавноста излезе договорот за набавка на Службата за општи и заеднички работи на скапо тропско и егозитчмно овошје за нивни потреби, денес премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање кажа дека ќе проверел дали има таков договор за набавка.
Но меѓудругото премиерот Мицкоски кажа дека иако биле набавени 600 килограми банани, тој лично банани не јадел, додавајќи цинично дека во Владата барале начин како се функционира на воздух.
„Не знам дали тоа се точни информации. Ќе проверам и ќе ви дадам одговор. Но, прочитав во некои медиуми дека се набавени 600 килограми банани. Јас банани не јадам, но ќе го проверам сето тоа. Ако е целта да најдеме нов начин и нова формула во Владата ако може на воздух да се живее, еве јас ќе ви кажам дека сега во месец на рамазански и велигденски постови, внимаваме каква храна конзумираме. Конкретно јас постам и знам дека голем дел од колегите го прават истото“ кажа Мицкоски.
Покрај овој, СОЗР има и друг јавен повик за набавка на морски плодици, телешки бифтеци и друга луксузна храна која за најголем дел од македонските семејства е само неостварена желба.