Утрински Весник
Македонија

682 санкции за возачи, 68 за возење без возачка дозвола

Policija Stopira Janevska I.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со бројката од вкупно 682 издадени платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила беа заокружени вчерашните (05.03.) интензивни и плански активности на полициските службеници при МВР во делот на сообраќајните контроли на патиштата низ земјава.

Притоа, во рамки на посочената бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, беа евидентирани 204, односно 136 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистирани беа 68 возачи, потоа 63 учесници во сообраќајот беа санкционирани за некористење сигурносен појас, а 27 – за користење на мобилен телефон при возење.


Исто така, според статистичките податоци, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во четири случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, 11 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем, а санкционирани биле и 22 пешаци.

По основ пак на Законот за возила 17 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани, а девет заради техничка неисправност.

Можете да прочитате

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“

Давчевски претседател на ГО, Лазов на ЦО на СДСМ

Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска