Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Финансираме поддршка за жртви на насилство, млади во ризик и деца со попреченост

20250217173040 Big 730x400 85.webp.webp

Општина Центар распиша јавен повик за поддршка на проекти кои обезбедуваат социјални услуги за ранливи групи граѓани.

Повикот е насочен кон подобрување на пристапот до социјални услуги, со акцент на три клучни области: психосоцијална поддршка за жртви на насилство, услуги за млади во ризик од зависности и индивидуализирана поддршка за деца со попречености.


„Живееме во време кога младите се изложени на различни предизвици, меѓу кои агресијата, дрогата, отуѓувањето. Инцијативата е насочена кон обезбедување стручна поддршка за нив, но и за другите ранливи групи, како што се деца и жени жртви на родово насилство и деца со попреченост. Преку ваквата помош имаме за цел да ја поттикнеме социјалната вклученост и инклузивност на сите на кои им е потребна”, изјави градоначалникот Герасимовски. 

Повикот е отворен за здруженија на граѓани со седиште во Општина Центар, кои се регистрирани и активни најмалку една година, лиценцирани од Министерството за труд и социјална политика или кои имаат потврда за испорака на специфична услуга, и кои имаат искуство во спроведување социјални услуги.

Апликациската форма и деталната листа на документи се достапни на официјалната веб-страница на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/?p=24558 

Пријавите со комплетна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар или по пошта, во рок од 10 дена од објавата на повикот.

Приоритетите на јавниот повик за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар се утврдени во Програмата за здравствена, социјална и заштита на децата за 2025.

Можете да прочитате

(Видео) Пожар во близина на Скопје

Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди

На парцелата пред ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ нема да се гради, ќе остане зеленило, реагира Општина Аеродром