Утрински Весник
Македонија

Косовската вода со бактерии не е пуштена во промет

Flasirana Voda.jpg

Спорната пратка со минерална вода од Косово во која Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откри присуство на колиформни бактерии, не е пуштена во промет.

– Ги известуваме граѓаните дека спорната пратка не е пуштена во промет и таа се наоѓа под инспекциски надзор, во магацинот нa увозникот – информираа од АХВ за весникот ВЕЧЕР.


Во вакви случаи, увозникот има право да му ја врати пратката на производителот или, пак, да ја уништи.

– Како одговорна институција за безбедноста на храната (вклучително и за изворската минерална вода што се увезува во земјава), АХВ врши редовни контроли при увоз, кои вклучуваат и лабораториско тестирање на земените мостри. За изворската минерална вода по потекло од Република Косово, од чија пратка, ставена под инспекциски надзор во магацинот на увозникот, е земена мостра за лабораториско тестирање, е утврдено отстапување од безбедносните критериуми дефинирани со Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и другата пакувана вода („Службен весник на РМ“ бр. 184/20218), односно е утврдено присуство на колиформни бактерии. Поради овие причини, до добивањето негативен лабораториски резултат за присуство на колиформни бактерии, АХВ донесе мерка со која ги стави под засилен инспекциски надзор, со лабораториско тестирање, наредните пратки со природна изворска вода по потекло од оваа земја – велат од АХВ.

Оттаму посочуваат дека сите досега увезени количини од оваа вода се безбедни.

Во некои медиуми беше објавено дека станува збор за минерална вода од производителот „Ругове“ од Косово и дека од неа се служи во институции, посочувајќи дека ја пијат вработените и гостите во Град Скопје. Оттаму не демантираа, но истакнаа дека „цела државна администрација се снабдува од истата компанија, „Даути комерц“ од селото Бојане.

Целиот текст на Вечер со клик ТУКА.

Можете да прочитате

СДСМ: Само една фирма добила 50ина јавни набавки тешки 10 милиони евра во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ

Сопругата на Премиерот готвеше за социјално загрозените во црковно-народната кујна во Лисиче

Најчевска: Со намалувањето на казната за Боки 13 се дезавуира правото, се промовира дискриминација врз основа на имотна состојба