Утрински Весник
Свет

Авион од Бања Лука се урна во Австрија

Avion.jpg

Мал авион, кој денеска полетал од аеродромот во Бања Лука кон Зел ам Зе, Австрија, се урна недалеку од аеродромот во целната дестинација. Во несреќата загина пилотот, кој бил единствениот во леталото.

Според австриските медиуми, последниот контакт со авионот бил остварен во 55. минута од летот, над Халег во Корушка. Според планот, авионот требало да слета во 12:48 часот, но на самиот приод кон аеродромот во Зел ам Зе се случила несреќата.


Командантот на противпожарната бригада, Клаус Портенкирхнер, изјави дека авионот завршил на блиската ливада без да избие пожар. Причините за падот сè уште не се познати, а според него, временските услови и видливоста биле идеални.

Сите спасувачки екипи се на терен, а истрагата за точните околности на несреќата е во тек. Засега не се објавени податоци за националноста и возраста на пилотот.

Можете да прочитате

Потребни се посилни механизми против назадувањето на новите членки на ЕУ

Сибиха: Кина може да има важна улога во завршувањето на четиригодишната војна со Русија

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа