Утрински Весник
Македонија

 ВРЕДИ: ДУИ плаче за внимание

Vlen.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВРЕДИ:

Неодговорните најави на ДУИ за бојкот на локалните избори им покажа уште еднаш дека се целосно изолирани. Тоа што не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очајен за политичко внимание. Бара факторизација преку некаква средба со ВЛЕН, за проблеми кои ни ги остави во наследство.


Прво, крајно лицемерно и неодговорно е ДУИ да не обвинува нас за иницијативата пред Уставниот Суд, кога истата е свесно држена во фиока од нивните кадри во овој Суд, со план денес да се злоупотребува за критика. Не може ВЛЕН да биде одговорен за одредени недоречености во законот кои самите ДУИ свесно ги дозволиле. Второ, текстот на Законот за употреба на Албанскиот јазик е доставен до Венецијанската Комисија токму од Бујар Османи.

Нема никаква дилема дека зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот на ДУИ од пораз, па затоа измислуваат алиби во лажните обвинувања за наводна деалбанизација која симптоматично, според нив се случува само затоа што тие не се дел од Владата. ДУИ се преценува во моќта било што да организира на терен. Прочитани се. Да имаа поддршка од Албанскиот народ одамна ќе излезеа со протести, впрочем како што претходно најавуваа.

Апелираме до здраворазумното членство  на ДУИ да не влетува во егзибиционизмот на нивното корумпирано раководство. Без програмска и кадровска реформа, плус со бојкот и нереди на добар пат се цела партија да биде ставена на црна листа.

Можете да прочитате

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство

Мицкоски по средбата со Орбан: Македонските граѓани платија огромна цена за да бидат дел од европското семејство

Пратеникот Љупчо Николовски доби син