Утрински Весник
Македонија

Соопштени наградите за најдобрите маски на Струмичкиот карневал

Karneval.jpg

Маските „Шумата на рајот“ и „Танц на светлината“ на Средните училишта „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“ се прогласени за најдобри во категоријата групна маска со 50 и повеќе лица на Струмичкиот карневал и ним им припадна парична награда од по 950 евра.

Во категоријата групна маска со 30 до 50 најдобра е маската „Фестивал на фенерите“ на Здружението „Струма“ од Струмица, која е најдобра и во категоријата „Алегориско возило“ а втората награда и припадна на маската „Кројачи на соништата“ на ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица, додека третопласирана е „Египет,земјата на вечното сонце“ на Карневалското здружение„Астра“ од Струмица.


Во категоријата групна маска со 20 до 30 учесници најуспешна е маската „Мрежа на вистината“ на Групата „Мулен руж“ од Струмица“, а маската „Африка во Струмица“ на ООУ „Маршал Тито“ од Струмица е прогласена за најдобра во категоријата од 10-20 учесници.

Во категоријата за учесници од 5 до 10 лица доделана е само втора награда на маската „Светлината на хуманоста“ на Волонтери од Црвен крст, а најдобра поединечна маска е„Златен челик-нешто безобразно“ на Цветко Багашевски.

Награда за најдобра дебитантска групна маска е „Шкоти“ на Групата „Себап мерит“ од Струмица, а жири комисијата на повеќе маски им додели стимулативни парични награди во иснос од по 100 евра.

Вкупниот награден паричен фонд за карневалските награди изнесува 8.350 евра, а наградите на најдобрите карневалски маски ќе им бидат доделени утре.

Можете да прочитате

Филипче: 585 милиони евра директно во џебот на граѓаните со нашата мерка за плати

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРОДРЕ МНОГУ ПОТОПОЛ ВОЗДУХ ОД ЈУГ: Ќе имаме значително натпросечни температури!

ИНРМ бара да се врши месечно отчитување на броилата