Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ имаа 7 години власт да ги покачат платите

Vmro.jpeg

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС имаа 7 години власт да ги покачат платите, наместо тоа ја качија инфлацијата на двоцифрена и испумпаа милиони од буџетот.


СДС ја отвори спиралата на зголемени цени и го плафонираше јавниот долг.

Со години СДС не спроведе ниту една политика која ќе донесе раст и развој на економијата, напротив како држава на економски план бевме во слободен пад.

Предлогот што сега го предлагаат можеа да го спроведат, но наместо тоа се фокусираа на испумпување на милиони од буџетот. Доколку сега се реализира нивниот предлог тоа ќе значи крах на Фондот, затоа што украдоа се што можеше.

ВМРО-ДПМНЕ ја менува сликата за Македонија, платите реално почнаа да растат, се покачија пензиите, економијата се развива.

Можете да прочитате

Левица: Власта го турка народот во должничко ропство – 260 милиони евра кредит, а ќе вратиме над 326 милиони!

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари

МЕМО стана полноправна членка на AIB