Утрински Весник
Македонија

Почнува кампања за подигнување на свеста за рак на дојка

20250302160859 Big 730x400 93.webp.webp

Здружението „Хема-онко“, посветено на пациенти со рак и нивни негуватели, во пресрет на 8 март – Меѓународниот ден на жената, почнува кампања за подигнување на свеста за рак на дојка – „Дијагноза, третман, естетика“.

Кампањата почнува денеска во Прилеп, а предвидено е да продолжи во Скопје, Тетово, Гевгелија и Кавадарци.


По иницијатива на ЈЗУ УК за пластична и реконструктивна хирургија и во соработка со ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија и Универзитетскиот институт за радиологија, „Хема-онко“ организира едукативни трибини, каде доктори – специјалисти ќе имаат стручни презентации на темата.

Претставник од здружението ќе сподели лично искуство со дијагнозата рак на дојка, лекување и реконструкција на дојка. 

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница