Утрински Весник
Свет

Велика Британија ќе и даде на Украина заем од 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбраната

Cc.webp.webp

– Велика Британија и Украина постигнаа договор за заем од 2,26 милијарди фунти (околу 2,73 милијарди евра) за поддршка на одбранбените капацитети на Украина, изјави украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер, заедно со британската министерка за финансии Рејчел Ривс, синоќа преку видео-повик разговараа со Марченко, јави Би-Би-Си.


Марченко на социјалните мрежи напиша дека средствата се „обезбедени со замрзнати руски средства“. Тој додаде дека и е благодарен на Велика Британија што „го смета агресорот одговорен за војната“.

Зеленски вчера во рамки на посетата на Велика Британија се сретна со британскиот премиер Стармер, додека денеска ќе присуствува на самитот на европските лидери на кои ќе се разговара за безбедносните гаранции што европскиот континент може да ги понуди на Киев во случај на прекин на огнот со Русија.

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран