Утрински Весник
Скопје

Седми интернационален „First Lego League Challenge“

20250228195235 Big 730x400 35.webp.webp

Седмиот интернационален „First Lego League Challenge“ ќе се одржи денеска во Дајмонд мол, со почеток во 10:00 часот. Годинава ќе учествуваат 23 тимови, од кои 16 од државни основни училишта низ земјава.

Тимовите ќе ги претстават своите решенија за вистински предизвици поврзани со зачувувањето на океаните, според овогодинешната тема SUBMERGED. Ќе се натпреваруваат во автономни роботски предизвици.


Жири-комисија ќе бидат универзитетски професори и лидери од „Bechtel“, кои ќе ги оценуваат проектите според иновацијата и основните вредности на  „First Lego League Challenge“. „Bechtel“ е главен спонзор, кој соработува со Академијата за роботика и иновации, регионален партнер за организирање на „First Lego League“ натпреварите во земјава.

Овој настан е дел од глобалната иницијатива „First Lego League“, која ги воведува децата на возраст од 9 до 16 години во науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM) преку практично учење. Со поддршка од UNESCO, програмата има за цел да поттикне креативност, критичко размислување и тимска работа. 

Можете да прочитате

Издадено првото одобрение со 0 денари комуналии за млади до 35 години во Општина Аеродром

Општина Центар воведува нови услуги за инклузија, ментално здравје и поддршка на младите во ризик

Во недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај