Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Младите мора да положат возачки испит пред да седнат зад воланот, субвенционираме 10 илјади денари за полагање

Vozacki Ispit.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека полагањето возачки испит е задолжително за сите млади лица кои сакаат да управуваат со моторно возило. Тој, посочува дека младите кои сакаат да управуваат со моторно возило мора претходно да стекнат теоретски и практични знаења за безбедно возење, но и да се едуцираат за сообраќајните правила.

„Без едукација од страна на искусни инструктори возењето претставува огромен ризик за возачот, но и за сите учесници во сообраќајот, вклучувајќи ги и пешаците и велосипедистите. Возењето совесно е првиот чекор кон поголема безбедност во сообраќајот. За да ја подигнеме свеста и да ја зголемиме безбедноста, Општина Центар распиша јавен повик со доделување на субвенции во висина од 10 илјади денари за полагање возачки испит на сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно родени се во 2007 година и живеат на подрачјето на општината најмалку една година. Со намалување на ризичното однесување, како што се пребрзото возење, користењето мобилен телефон, управувањето возило под дејство на алкохол и управување на возилото без возачки испит, значително се намалуваат шансите за сообраќајни незгоди”, истакнува Герасимовски.


Герасимовски, вели дека безбедноста во сообраќајот започнува со свесни и одговорни одлуки зад воланот. Совесното возење значи почитување на сообраќајните правила, прилагодување на брзината според условите на патот и покажување внимание кон сите учесници во сообраќајот.

Субвенцијата изнесува 10.000,00 денари и може да се користи единствено за полагање на возачки испит во автошколи кои се регистрирани во Општина Центар.

Доставата на барањата се врши во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), од 09:00 до 15:00 часот, со приложување на следните документи: барање за субвенција, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, доказ за извршена уплата во автошкола и доказ дека автошколата е регистрирана на подрачје на Општина Центар.

Јавниот повик ќе трае сè до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар, односно до 31.12.2025 година.

Повеќе информации: https://www.centar.gov.mk/?p=23911

Можете да прочитате

(Видео) Кој како сака преминува булевар во Скопје

Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски поднесе оставка

Герасимовски најави посета на сите осум пензионерски клуба во Центар: Ние сме пример за грижа кон пензионерите