Утрински Весник
Македонија

Филипче: Извештајот на Хридом Хаус е доказ дека со ВМРО-ДПМНЕ паѓа слободата на говорот

Venko Filipche Sdsm.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Последниот извештај на „Фридом хаус” покажува дека Македонија и годинава останува делумно слободна земја, а тоа претседателот на СДСМ Венко Филипче го оценува како загрижувачки. Рангирањето на „Фридом хаус” е врз основа на два критериуми политички права и граѓански слободи и годинава Македонија го зазема 67 место споредбено со 2021 година кога Република Македонија беше единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан односно со втор најдобар резултат во Европа.


„Во однос на извештајот на Фридом Хаус постојат параметри коишто тоа го мерат. Загрижувачки е тој пад. Сметам дека слободата на говорот е нешто што како симбол на демократско општество и нешто што беше и симбол и ја означуваше борбата на граѓаните се бореа против ограничувањето на слободата на говорот, против окупацијата   институции, против супримирањето на демократијата и демократските процеси во нашата земја за време на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ”, рече Филипче на денешната прес конференција.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе